Во француската воздухопловна база Мон-де-Марсан денеска ќе се одржи свечена церемонија на предавање на првиот повеќенаменски борбен авион Рафал во Хрватска, односно пренос на сопственоста меѓу Француската Република и Република Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.
Во пресрет на предавањето на авионот Рафал на Хрватска, припадниците на француското воздухопловство и вооружените сили на Република Хрватска ги извршија последните подготовки за нивно преземање во Франција.
Тоа е првиот од 12-те авиони Рафал, двомоторен повеќенаменски борбен авион од генерацијата 4,5+ на францускиот производител Dassault Aviation.