(ВИДЕО) Лидерите на СзС Ѓилас, Луковац и Стефановиќ за „македонското сценарио“ на Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ постојано го споменува „македонското сценарио“, но тој греши и не разбира. Тоа што Вучиќ не го разбира и кога говори за „македонско сценарио“, тој зборува за сценарио со кое не напаѓа нас, сите нас од опозицијата, изјави денеска лидерот на Српската Левица Борко Стефановиќ.

На денешната прес конференција поврзана со настаните изминатите денови во Белград,„ лидерите на опозицијскиот блок “Сојуз за Србија“ (СзС) реагираа на  вчерашната изјава на претседателот Александар Вучиќ, кој изјави „Големите пријатели на Зоран Заев, тајкуните Џилас и Јеремиќ, се пофалија како го осудија министерот за внатрешни работи Чавков на 18 години затвор, затоа што не ги спречил граѓаните да влезат во Парламентот. По тој принцип ние можеби би можеле да размислуваме за одговорност на министерот за внатрешни Небојша Стефановиќ што ги пушти фашистот Обрадовиќ и тајкунот Џилас да влезат внатре.“

Оваа и другите изјавите на српскиот претседател со негативна конотација, како што беше и онаа за Македонско сценарио“, на прашањето на дописникот на МИА,  еден од лидерите на СзС Драган Ѓилас ги прокоментира на прес конференцијата дека ваквите изјави никаде не водат.

-Јас официјално бев кај премиерот Заев и повторивме дека е важно власта и опозиција да работиме на пријателството меѓу државите и народите.После тоа добив ужасни текстови по весниците во Србија, дека господинот Заев бил „шиптарски платеник“, што да ви кажам кога за премиер на една држава се говори на тој начин.После оваа средба немавме никаква комуникација со Заев, но ќе повторам-Дајте да ја демократизираме Србија, дајте како да најдеме начин да излеземе од оваа состојба преку нормален пат. Србија почна преговори со ЕУ, но денес Србија е земја која нема статус на слободна држава и ова што се случи овој викенд најдобро говори за тоа…..Доста се делевме и ги „хушкаме граѓаните“ едни на други и ќе напрвиме се што е до нас, вакви инциденти во иднина никогаш да не се слушат-изјави Ѓилас.

На оваа изјава на Ѓилас, се надоврза лидерот на Демократската странка Зоран Лутовац кој изјави дека тие се залагаат за искрена политика на доборососедство.

-Ние се залагаме за искрена политика на добрососедство и тоа не е флоскула и тоа не е една од точките во агендата на евроинтеграциите, туку добрососедска политика како приоритет, да гаиме добри и најдобри можни односи со соседите, а не да ги користиме за внатрешно-политички прилики-изјави Лутовац.

На ова тема самоиницијативно сакаше да даде коментар и лидерот на Српската Левица Борко Стефановиќ кој изјави дека Вучиќ ништо не разбира.

-Вучиќ постојано го споменува македонското сценарио, но тој греши и не разбира и да појаснам-Тој кога говори за македонско сценарио, тој мисли на упадот и насилството во македонското собрание. Упад во собранието извршија луѓе од власта, луѓе кои се блиски на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски, кој е личен пријател на Александар Вучиќ. Тоа што Вучиќ не го разбира и кога говори за македонско сценарио, тој зборува за сценарио со кое не напаѓа нас, сите нас од опозицијата-изјави Стефановиќ.


Вести

Демократски дебати неделава во САД – прва предигра за изборите во 2020 година

Пред милиони Американци неделава на првите демократски дебати ќе се појават на едно место речиси дваесетмина кандидати во трка за номинирање претстедателски кандидат од Демократската партија на изборите следната година. Иако застапуваат различна идеологија – […]

Вести

Прифатено барањето на Јанкулоска за одложување на затворската казна за „Тенк“

На поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и е прифатено барањето да и се одложи четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Како што соопшти денеска Основниот кривичен суд – Скопје, извршувањето на казната се одложува се […]

Вести

Заменик-министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов на својот фејсбук-профил во отворено писмо до премиеот Зоран Заев и до јавноста соопшти дека поднесува оставка од функцијата. Како што вели, неговата позиција станува „неодржлива и неефективна“ […]