Варвициотис за вакцините за Западен Балкан: Важно е успесите на ЕУ за да ги споделиме со пријателите и соседите


Прашањето за снабдување со вакцини на земјите од Западен Балкан, го покренал алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис за време на Советот за општи прашања на ЕУ, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.



-Од особена важност е успесите на ЕУ да ги споделиме со нашите пријатели и соседи, а особено со оние земји кои ја имаат изразено намерата во иднина да дојдат со нас, рекол Варвициотис.

Паралелно, на состанокот го претставил и грчкиот предлог за заеднички европски сертификат за вакцинација, истакнувајќи дека од моментот кога постои „заедничка европска вакцинација, треба да постои и заеднички европски сертификат“.