Уште 10 жртви на Ковид-19 во Косово


Уште 10 жртви на Ковид-19 во Косово - МИА

Приштина, 1 август 2020 () – Во изминатите 24 часа во Косово се регистрирани 10 починати лица кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата на Ковид-19 достигна до 236.

Сите починати, според косовските здравствени власти, имале и други потешки здравствени тегоби и страдале од дијабетис, кардиоваскуларни и други хронични болести.

Во текот на вчерашниот ден, официјално се евидентирани 224 новозаболени од Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени од појавата на епидемијата достигна до 8.554.

Вчера се евидентирани и 152 излекувани, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностицирани како заразени и ја совладале болеста достигна до 4.730.

Активни носители на вирусот во земјата се 3.588 лица. Вчера се извршени 434, а од почетокот на пандемијата, вкупно 36.943 тестирања.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*