Учесници на протестот ја блокираа сообраќајницата пред зградата на српскиот Парламент

protest srbija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Учесниците на протестот „Србија против насилството“ блокираа сообраќајница пред зградата на српскиот парламент   во пресрет на новиот протестен собир организиран од проевропската опозиција, јави Бета.

Според претходните најави на организаторите, собирот ќе биде без говорници и ќе заврши со блокада на мостот Газела, а ќе бидат прочитани и истите барања како оние изнесени на протестот на 8 мај.


Протестот организиран од Демократската партија, Народната партија, Зелениот левичарски фронт/Не го давиме Белград, Заедно и Партијата за слобода и правда/Движење на слободни граѓани/Синдикат Слога/Движење за пресврт, како што претходно изјавија тие партии, не е партиски.

Најавено е дека и вечерашниот протест како и претходниот ќе помине без говори и партиски симболи, а со „најголема почит и сочувство со болката поради невидените трагедии“, две масовни убиства во Србија во кои загинаа 17 и повеќе од 20 беа ранети.

Меѓу барањата изнесени на протестот на 8 мај се разрешување на членовите на Советот на регулаторното тело за електронски медиуми, министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, директорот на БИА Александар Вулин, одземање на националните фреквенции од телевизиите што промовираат насилство, укинување на емисии што промовираат насилство и закажување седница на Собранието на Србија на тема безбедност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK