Убедливо водство на Нова демократија на изборите во Грција со пребројани 38 отсто од гласовите

izbori grcija 2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со пребројани 38,14 отсто од гласовите, според официјалните податоци од грчкото Министерство за внатрешни работи, на парламентарните избори во Грција, Нова демократија е во убедливо водство пред СИРИЗА со над 20 отсто повеќе гласови, а во Парламентот место обезбедуваат пет партии, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно:


Нова демократија 41,09 отсто и 145 пратенички места

СИРИЗА 20,03 проценти и  71 пратеничко место

ПАСОК- Движење на промена 12,38 отсто – 44 пратенички места

Комунистичка партија на Грција 6,87 отсто- 24 пратенички места

Грчко решение 4,52 отсто и 16 пратенички места

Со изборните резултати и пропорционалниот модел, Нова демократија нема можност да формира еднопартиска Влада, па така, се очекува да се одржат втори избори на почетокот на јули.

Излезноста, според првичните официјални информации е 56,8 отсто.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK