Убедлива победа на ХДЗ на изборите во Хрватска


Загреб, 6 јули 2020 () – На парламентарните избори во Хрватска, владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) на актуелниот премиер Андреј Пленковиќ оствари убедлива победа, а нејзиниот најголем ривал, коалицијата Рестарт, предводена од Социјалдемократската партија (СДП), доживеа фијаско, објави Индекс.хр.

Според резултатите на Државната изборна комисија, врз основа на обработени 86 отсто од избирачките места, ХДЗ со своите коалициски партнери во некои изборни единици (ХСЛС и ХДС) освоиле 67 мандати заедно со три мандати добиени во дијаспората, додека на коалицијата Рестарт и припаднаа 41 мандат.

На трето место се наоѓа Татковинското движење на Мирослав Шкоро со 16 мандати, следуваат Мост со осум, Можеме со седум, Партијата со име и презиме освои два, а Реформистите и ХНС по еден мандат. Уште осум пратенички места во Саборот им припаѓаат на националните малцинства.

Премиерот и лидер на ХДЗ, Андреј Пленковиќ синоќа им се зблагодари на сите кои гласале за неговата партија и оцени дека „демократија е кога граѓаните ја искажуваат својата волја во кој правец да се движи државата“.

– Овој резултат обврзува. Имавме тежок мандат, полн со искушенија кои се зад нас. А предизвиците кои се пред нас се многу поголеми. Таквите околности бараат труд, елан, пожртвуваност, знаење, искуство, истакна Пленковиќ пред членството и симпатизерите на партијата, дочекан со аплауз и овации.

Тој истакна дека на „Хрватска и се потребни решенија и за економијата и за јавното здравје, јакнење на институциите, човековите и малцинските права“.

– Оваа победа ни овозможува да бидеме малку весели, опуштени. Веднаш изутрина почнуваме сите заедно, како и досега, со цело срце да работиме за Хрватска, заклучи Пленковиќ.

На парламентарните избори во Хрватска, врз основа на 96 отсто од обработените избирачки места од страна на Државната изборна комисија, своето право на глас го искористиле 1.661.359 избирачи, односно излезноста била 46,68 отсто.

 


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 139 случаи со Ковид-19, еден починат, 239 оздравени пациенти

Скопје, 12 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, […]

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент - МИА
Вести

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада

Скопје, 12 јуни 2020 () – На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, да се почитуваат мерките за заштита

Скопје, 12 август 2020 () – Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.885 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Почина една 51-годишна пациентка од Скопје. Регистрирани се 161 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*