Уапсени 13 лица после пожарот во близина на мигрантски камп на Самос



Уапсени 13 лица после пожарот во близина на мигрантски камп на Самос - МИА

Атина, 16 септември 2020 () – Вкупно 13 лица се уапсени на грчкиот остров Самос по пожарот кој загрози камп за мигранти, соопшти денеска локалната полиција, само неколку дена по разорниот пожар во кој изгоре најголемиот камп во Европа. Мориа, на островот Лезбос.

– Истражуваме можна вмешаност на овие осомничени во инцидентот, изјави полициски службеник од Самос, но не сакаше да ја прецизира националноста на осомничените.

Пожарот избувна доцна синоќа во шумскиот дел на Самос, во близина на камп за мигранти, но пожарникарите успеаја да го совладаат.

Ноќта меѓу 8 и 9 септември изгоре кампот Мориа, во кој беа сместени 12.000 мигранти. Полицијата уапси шест мигранти.


Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*