Турските безбедносни сили запленија повеќе од еден тон хероин во акција во источна Турција

Турската полиција заплени над еден тон хероин во операција во источниот округ Ерзинџан, соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, истакнувајќи дека станува збор за најголема количина запленет хероин во целата историја на Турција, пренесе агенцијата Анадолија.

– Тимови од Одделот за борба против ширењето наркотици вчера запленија 1,27 тони хероин, скриен во камион, кој бил запрен за проверка, рече Сојлу.

Според податоците на полицијата, турските безбедносни сили оваа година заплениле вкупно 17,3 тони хероин. Повеќе од 1.500 осомничени беа уапсени во антитерористичките акции.

Сојлу денеска оцени и  дека забранетата Курдска работничка партија (ПКК) има активна улога во трговијата со дрога. Тој рече дека Европа и САД не прават доволно против поддржувачите на ПКК, а воедно и одбиваат да ги екстрадираат во Турција најбараните  терористи.

– Ако сакаме свет без терор, прво мора да имаме свет без дрога, рече Сојлу.


Вести

Ратификуван Договорот за реципрочно признавање на возачките дозволи со Косово

Собранието денеска го изгласа Законот за ратификација на Договорот со Владата на Косово за реципрочно признавање на возачките дозволи и ја констатираше оставката на Горан Трајковски од функцијата директор на Дирекцијата за заштита на лични […]

Вести

ЗНМ: Да се повлече обвинението против Кежаровски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли обвинението против новинарот Томислав Кежаровски. Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски соопшти […]

Вести

Средба Пендаровски – Џафери во Вила Водно

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Средбата ќе се одржи во Вила Водно, соопштија од кабинетот на претседателот. Ова е нивна прва официјална средба […]