Турција ќе го тужи Шарли Ебдо


– Турција ќе подигне тужба и ќе преземе одредени дипломатски чекори откако францускиот сатиричен неделник Шарли Ебдо на насловната страница објави карикатура со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, најави денеска турскиот Директорат за комуникации.



Туските државни медиуми објавија дека Обвинителството на Турција поренало истрага против уредниците на Шарли Ебдо.

– Нашите луѓе не треба да се сомневаат дека ќе ги преземеме сите легални и дипломатски чекори против спорната карикатура. Нашата борба против овие некултурни, злонамерни и навредливи работи ќе оди до крај, многу сме одлучни во тоа, се наведува во соопштението на Директоратот.

Претходно, високи турски владини претставници ја осудија карикатурата на Ердоган, истакнувајќи оти е „одвратен обид за ширење на културен расизам и омраза“.

На насловната страница на Шарли Ебдо, Ердоган седи во бела кошула и долна облека, држи пијалак и го подигнува здолништето на жена во хиџаб, на која и се гледа задникот.


Вести

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против КОВИД-19

– Сојузот на здруженија на пензионери упатуваат апел приоритет при вакцинирањето против КОВИД-19 да имаат пензионерите, како најранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет. -Во име на над 300 000 возрасни луѓе во нашата […]

Вести

Земјите од ЕУ на здравствена заштита во просек трошат 9,9 проценти од БДП, ние 4,5

– На здравствена заштита и социјални бенефити Северна Македонија во 2019 година потрошила вкупно 507 милиони евра односно 4,5 проценти од БДП или по 244 евра по глава на жител, што е под просекот од […]

Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*