Тројца турски војници загинаа во судири со курдските милитанти


Тројца турски војници погинаа во судири со курдските милитанти во југоисточна Турција, во близина на границата со Сирија и Ирак, соопшти денеска канцеларијата на локалниот гувернер.


 

Во борбите се „неутрализирани“ тројца милитанти од забранетата Курдска работничка партија (ПКК), наведе канцеларијата на гувернерот на покраината Сирнак, пренесоа британските медиуми.

Канцеларијата наведува дека војниците ја обезбедувале државната енергетска компанија „Туркиш Петролеум“ (ТПАО) во близина на градот Силопи, во Сирнак, кога избиле борбите со припадниците на ПКК.

Милитантите претходно биле забележени од дрон во регионот, соопшти канцеларијата на гувернерот.