Три босански партии формира „патриотски блок“


Три босански политички партии денеска потпишаа заедничка изјава со која прогласија формирање „патриотски блок“ и ги утврдија принципите и приоритетите на неговото дејствување во законодавната и извршната власт.

Заедничката изјава ја потпишаа бошњачката националистичка Партија за демократска акција (СДА) на Бакир Изетбеговиќ, мултиетничкиот социјалдемократски Демократски фронт (ДФ) на Жељко Комшиќ и бошњачкиот конзервативен Сојуз за подобра иднина (СББ) на Фахрудин Радончиќ.

Трите партии се обврзуваат на одбрана на суверенитетот, територијалниот интегритет и уставното уредување на Босна и Херцеговина и зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на земјата и на „придобивките и вистината за одбранбената војна 1992-1995 година“.

„Патриотскиот блок“ се залага и за зачленување на БиХ во НАТО и за итно активирање на Акцискиот план за членство на земјата во Алијансата, на што категорично се противат партиите на босанските Срби.

Инаку, партиите во БиХ се уште не можат да се договорат за формирање на нова влада на централно ниво по изборите одржани лани во октомври.

Вести

Германија: Европа треба да одговори со контрасанкции кон САД за мерките против „Северен поток 2“

Европа треба да одговори со санкции кон САД, доколку Вашингтон презеде мерки против компаниите кои учествуваат во изградба на гасоводот „Северен поток – 2“, повикаа од Германско-руската стопанска комора. Во меѓувреме, Вашингтон подготвува закон за […]

Балкан

Будимпешта: Балканските држави заслужуваат шанса за членство во ЕУ

Европската унија им должи на балканските земји да им даде шанса да се приклучат кон Унијата, изјави во Стразбур европратеникот од редовите на унгарската партија Фидес, Балаж Хидвеги, додавајќи дека проширувањето на Балканот е клучна […]

Вести

Институт „Крсте Мисирков“: Прашањето за македонскиот јазик е апсолвирано, негирањето е свесна провокација

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје соопшти дека остро реагира и сериозно се спротивставува на ставот на Бугарската академија на науките во врска со постоењето на македонскиот јазик и на македонското писмо. Во реакцијата Институтот […]