Утрово во 9 часот се случила сообраќајна несреќа кај Семизовац во која загинала повозрасна жена, потврди за порталот „Radiosarajevo.ba“ Мерсиха Новалиќ, портпарол на МВР на кантонот Сараево.
Жена загина откако во неа удри воз на линијата Сараево – Високо. Инаку, пријавата полицијата ја примила утрово во 9 часот, а екипите на Итна помош констатирале смрт во 9 часот и 15 минути.
Според информациите од местото на трагичниот настан, жената ја минувала пругата на необележано место, односно покрај преминот.
„Истрагата е во тек, а екипите се на терен. Се што знаеме е дека се работи за женско лице родено 1954 година“, изјави Новалиќ.
Исто така, како што е потврдено, во прекин е и железничкиот сообраќај.