Терористичкиот напад во Турција е одвратен чин на кукавичлук, рече албанскиот премиер Рама

edi-rama.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанскиот премиер Еди Рама го осуди терористичкиот напад во Анкара, што се случи утринава и побара Европа да ја поддржи Турција во борбата против тероризмот.



-Терористичкиот напад во Истанбул е одвратен чин на кукавичлук што Албанија остро го осудува. Тој треба да им помогне на многумина во Европа подобро да ја разберат и поддржат Турција во нејзината борба против тероризмот, напиша Рама во објава на Твитер.

Освен Рама, реагираше и министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани.

-Загрижен од веста за нападот во Анкара. Албанија е во целосна солидарност со Турција и ги осудува сите форми на тероризам, пишува тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK