Телефонски разговор Рама – Зеленски за кризата во Украина


Рама го поздрави договорот за влада меѓу СДСМ и ДУИ - МИА

Тирана,12 септември 2020 () – Албанскиот премиер Еди Рама, во својство на претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, ОБСЕ, остварил телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во напорите да се најде решение за кризата во оваа земја.



Зеленески му се заблагодарил на Рама што за време на претседевањето со ОБСЕ приоритет му е прашањето за враќање на украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет во рамки на работата на Организацијата.

Тој посебно ги нагласил прекршувањата на договорите од страна на илегални вооружени групи, вклучително и бомбардирањето на украинските позиции на 6 и 10 септември.

Го информирал Рама дека за време на телефонскиот разговор со германската канцеларка, Ангела Меркел милитантите отвориле оган врз украинските позиции во близина на селото Шумј.

-Не сакаме нова ескалација. На 6 септември, како резултат на провокација од нелегални вооружени групи, изгубивме припадник на вооружените сили кој беше убиен и еден ранет, додал Зеленски.

Од своја страна, Рама ги поддржал напорите на украинската партија за постигнување мир во регионот и ја изнесол подготвеноста на Албанија,како претседавач на ОБСЕ, да придонесе за воспоставување на мирот.

-Чекорите што ги презедовте вие како претседател и украинскиот народ кон мирот се многу храбри. Жалам за недостатокот на меѓусебно движење на спротивната страна во врска со ова. ОБСЕ е непристрасна, но не и индиферентна организација,посочил Рама.

Во овој контекст, соговорниците ја истакнале важноста од обезбедување на целосен и непречен влез на Специјалната набудувачка мисија на ОБСЕ на целата неконтролирана територија.

На крајот од разговорот Рама го поканил претседателот на Украина да ја посети Албанија.

Во својство на претседавач со ОБСЕ на 20 јануари годинава Рама престојуваше во прва посета на Украина,каде имаше средби со украинскиот државен врв.


Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*