Тахири: ПДК ќе го исклучи од партијата секој кој ќе гласа за новата косовска Влада


Тахири: ПДК ќе го исклучи од партијата секој кој ќе гласа за новата косовска Влада - МИА

Приштина, 7 мај 2020 () – Пратеникот на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК) Абељард Тахири вели дека никој од неговите партиски колеги нема да гласа за новата влада која може да ја формира коалицијата предводена од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и нивниот кандидат за премиер Авдулах Хоти, јави дописникот на од Приштина.

Тахири во емисијата „Интерактив“ на КТВ ја пренесе пораката на партискиот лидер Кадри Весели и одлуката на Претседателството на ПДК дека тој што ќе гласа за новата влада на Хоти ќе биде исклучен од партијата.

– Кај нас е јасна работата, статутот е јасен, секој пратеник кој гласа спротивно на ПДК не може да биде веќе дел од нашата пратеничка група, а ние имаме јасна одлука во никакви околности да не гласаме за владата на Хоти, изјави Тахири.

Тој додаде дека ПДК има своја опозициска агенда, односно дека се залага за нови избори веднаш штом се создадат услови за тоа.

– Во моментот кога ќе се прогласи победа во борбата со Ковид-19, сметаме дека нема причини да продолжи таа влада, рече Тахири, изразувајќи уверување дека ПДК ќе ги обезбеди потребните гласови за нејзино уривање и за прогласување предвремени избори.

На 25 март, на иницијатива на ЛДК беше изгласана недоверба на владата предводена од лидерот на Движењето самоопределување (ВВ) Албин Курти, по што, на 30 април, претседателот на државата Хашим Тачи го додели мандатот за формирање нова влада на ЛДК и нејзиниот кадидат за премиер, Хоти.

Истиот ден кога му беше доделен мандатот на Хоти, ВВ поднесе барање за оценка на уставноста на одлуката на Тачи, по што Уставниот суд наредниот ден, на 1 мај, донесе времена мерка за суспендирање до 29 мај на дејствијата во правец на формирање нова влада.


Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција - МИА
Вести

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција

Скопје, 9 јули 2020 () – Гласањето на претстојните избори, и покрај актуелната пандемија на Ковид-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе решат да го остварат своето избирачко право, тврдат надлежните. Ќе се гласа […]

Уште четири дена до крајот на изборната кампања - МИА
Вести

Уште четири дена до крајот на изборната кампања

Скопје, 8 јули 2020 () – Изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е при крај. Партиите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, подигната економија и развој за наредниот […]