Тачи ја поздрави одлуката на косовскиот Уставен суд за доделување на премиерскиот мандат на Хоти


Тачи ја поздрави одлуката на косовскиот Уставен суд за доделување на премиерскиот мандат на Хоти - МИА

Приштина, 29 мај 2020 () – Косовскиот претседател Хашим Тачи ја поздрави синоќешната одлука на Уставниот суд на Косово, со која му се призна правото да го додели премиерскиот мандат на друга партија, доколку партијата што победила на изборите не може да го обезбеди потребното парламентарно мнозинство за да формира влада, јави дописникот на од Приштина.

Уставниот суд на Косово синоќа донесе одлука со која му даде право на претседателот на државата да го додели мандатот за формирање нова влада на второрангираната партија на парламентарните избори, откако на владата предводена од лидерот на партијата победничка на изборите, Движењето самоопределување (ВВ), Албин Курти, Собранието ѝ изгласа недоверба.

Тачи преку својата страница на Фејсбук, по објавувањето на одлуката на Уставниот суд, порача дека цело време бил убеден оти, со доделувањето на мандатот на Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово, постапил целосно во согласност со неговите уставни и законски надлежности и обврски.

– Ја поздравувам одлуката на Уставниот суд во врска со оценката на уставноста на мојот декрет за мандатирање на господин Хоти за кандидат за премиер. Бев убеден дека секој чекор кој го презедов е во целосна согласност со Уставот на Косово и ме радува што тоа го потврди и Уставниот суд, напиша Тачи.

Тој ги повика политичките партии и сите институции „да покажат политичка зрелост, почит и посветеност на редот, законите и институциите на Република Косово“.

– Тие треба да ги почитуваат, прифатат и спроведат одлуките на врховниот авторитет во толкувањето на Уставот и усогласеноста на законите и другите акти со Уставот. Косово го чекаат многу предизвици и сега не треба веќе да се губи време со формирањето на новата влада, со целосен легитимитет од Собранието на Косово, напиша Тачи. 


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]