СзС: Нема да учествуваме на лажните избори на Косово


Српските опозициски партии од коалицијата Сојуз за Србија (СзС) повторија денес дека нема да учествуваат на „лажните избори на Косово, како и во останатиот дел на Србија.“


 

-На Косово не постојатат ниту минимални услови за слободни и фер избори, ниту за еднакво преставување на програми и идеи, сопштија од СзС.

Во соопштението се наведува дека „уцените, насилството, заканите и прогонот од страна на режимот на напредњаците (СНС) на Косово, служат единствено на држење на народот во позиција на заложници во рацете на две криминални групи.“

-Ние нема да учествуваме во поделба на мафијашкиот плен на Вучиќ и Тачи и во спроведувањето на натамошните планови во делењето на Косово, соопштија од СзС.