Светиот синод на ГПЦ: Литиите ќе се одржат со голема претпазливост без гужви меѓу верниците



Светиот синод на ГПЦ изразува разочараност за Света Софија и бара да се врати статусот на споменик - МИА

Атина, 8 август 2020 () – Литиите ќе се одржат со голема претпазливост без гужви меѓу верниците и доколку е можно, ќе траат кратко, соопштуваат од Светиот синод на Грчката православна црква, повикувајќи се на нивните одлуки од 28 јули испратени преку циркуларно писмо, јави дописничката на од Атина.

Објаснуваат дека конкретната препорака за одржување растојание и избегнување гужви е согласно со законската рамка за собири на отворено и додаваат дека ГПЦ продолжува да ја задржува истата одговорна позиција како кон свештенството така и кон верниците.

Од друга страна, од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција вчера соопштија дека „по препораката од Светиот Синод на Грчката православна црква, во следниот период се откажуваа сите литии“.

По зголемениот број заразени со Ковид-19 во Грција, вниманието е насочено кон големиот христијански празник Пресвета Богородица, на 15 август што се слави со литии и собири во сите делови на државата.

 


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*