Странските дипломати го поздавија постигнатиот договор за изборната реформа во Албанија


Странските дипломати го поздавија постигнатиот договор за изборната реформа во Албанија - МИА

Тирана, 6 јуни 2020 () – Амбасадорите на Соединетите американски држави, Европската унија, Велика Британија и ОБСЕ, кои одиграа клучна улога во тешките преговори меѓу страните, го поздравија постигнатиот договор за изборната реформа кај нашиот западен сосед, оценувајќи дека „Албанија е се поблику до ЕУ“.

-Ние сме многу задоволни што овој договор беше постигнат, по многу часови работа. Секоја личност, сите страни што беа таму дадоа свои придонес и се откажува од нешто. Тие го направија ова за да ја направат Албанија добитник. Некои ќе го критикуваат овој договор,но ако го погледнеме во поширок контекст, ова е нешто што сите ќе го поддржат подоцна. Горди сме на тоа, САД ќе го поддржат патот кон ЕУ,изјави американската амбасадорка Јури Ким.

Постигнатиот договор го позрави и амбасадорот на мисијата на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца.

-Го поздравивме овој договор. Тоа е резултат на сеопфатен процес. Тоа беше договор од средата, но знаете дека обединетата опозиција која побара дополнително да ја испита изборната администрација. Договорот е во согласност со ОБСЕ и ние го поддржуваме постигнатото. Сега имаме договор. Во име на ЕУ, сакам да кажам дека Албанија е поблику до ЕУ. Ова е затоа што ќе се исполни еден од условите за започнување на преговорите, рече меѓудругото Сореца.

Британскиот амбасадор Дучан Норман оценува дека „ова е многу добар ден по многу преговори“.

-Секој мораше да се откаже од нешто. Договорот беше овозможен бидејќи постоеше желба за компромис, рече Норман.

Договорот го поздравија и од мисијата на ОБСЕ, оценувајќи дека се земени во предвид препораките на оваа организација.

Политичкиот совет, составен од претставници на политичките партии од власта и опозицијата, по многу средби синоќа по полноќ постигнаа договор околу изборните реформи, што е еден од 15-те услови за почеток на преговори на Албанија со ЕУ.


ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот - МИА
Вести

ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Скопје, 10 јули 2020 () – Државната кмоисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од […]

Вести

Новозаболени 205 лица од Ковид, починати шестмина, 336 оздравени

– Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје. Оздравени се 336 пациенти, а починати се шест пациенти. Тројца починати […]

Можно е преземање мерки на границите за соседите при влез во државата - МИА
Вести

Владата изработи насоки за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Скопје, 10 јули 2020 () – Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи во соработка со министерствата за здравство и за надворешни работи изработи насоки за начинот на транзит и на регулиран привремен или […]