Стајкурас: Грчката економија може да издржи втор целосен карантин


Стајкурас: Грчката економија може да издржи втор целосен карантин - МИА

Атина, 22 септември 2020 () – Грчката економија може да издржи втор целосен карантин, рече министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас говорејќи за грчката телевизија „Скај“ и објасни дека во меѓувреме, по првите рестриктивни мерки Владата „изгради ликвидност за да биде во можност да се справи со тешкотиите“, што евентуално би се појавиле, јави дописничката на од Атина.

Во однос на тоа дали се подготвуваат за втор карантин, Стајкурас објасни дека тоа не е тема за која одлучува Министерството за финансии, додавајќи дека Владата носи одлуки согласно препораките на експертите.

-Најважно е јавното здравје, здравјето на граѓаните, безбедноста на граѓаните, а потоа е економијата. Јасно е дека сме подготвени да го издржиме товарот на евентуална владина одлука за да ги ограничиме можните неповолни економски и социјални последици, истакна Стајкурас и објасни дека во овој момент, земјата располага со 37,7 милијарди евра, но секоја седмица се менуваат податоците.

За рецесијата во земјата, министерот за финансии рече дека сценариото и процената е дека за 2020 година ќе биде околу осум отсто.


Вести

Во светот речиси 46 милиони луѓе заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со новиот коронавирус во светот моментно е 45.954.499, регистрирани се досега 1.194.485 смртни случаи и има 33.275.706 оздравени. Русија Во последните 24 часа во Русија се регистрирани повеќе од 18.000 нови случаи […]

Вести

ЕУ очекува што е можно побрзо договор за преговарачката рамка и старт на преговорите за членство

-Евроамбасадорот Дејвид Гир се надева дека што е можно побрзо ќе биде постигнат договор за преговарачката рамка и ќе може да се одржи меѓувладината конференција за старт на преговорите за членство на земјава во ЕУ, […]

Вести

Градинките и училиштата остануваат отворени, засега во нив нема жаришта на коронавирусот

– Градинките и училиштата во кои настава посетуваат деца до трето одделение и натаму остануваат отворени. Надлежните велат дека засега ситуацијата е под контрола и оти нема ширење на зараза од коронавирусот во овие установи. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*