Српските власти со нови мерки: Ноќните клубови и кафулиња без тераси во Белград се затвораат од 23 до 06 часот


Врање со 52 нови случаи ново жариште на Ковид 19 во Србија - МИА

Белград, 2 јули 2020 () – Ноќните клубови, сплавовите и кафулињата што немаат тераси во Белград ќе бидат затворени на две недели во периодот од 23 часот до 6 часот наутро,како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. Тоа го најави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој додаде дека парично ќе бидат казнети лицата кои нема да носат заштитни маски во трговските центри и јавниот градски и меѓуградски превоз.

Ќе бидат затворени и студентските домови затоа што голем број студенти се заразени.

Бројот на луѓе собрани во затворено ќе биде ограничен на 100, на растојание и со маски, а на отворено на 500 лица.

– Доколку тие мерки не бидат доволни, ќе има и други, најави Вучиќ.

Ситуацијата во Белград е најпроблематична затоа што 82,5 проценти од сите заразени се регистрирани во главниот град на Србија.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 166 случаи со Ковид-19, четворица починати, 185 оздравени пациенти

Скопје, 2 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, […]

Вести

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

– Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 - МИА
Вести

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените

Скопје, 2 август 2020 () – Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*