Српските новинари добија елеци на кои пишува ПРЕС за да бидат побезбедни на протестите


Српските новинари добија елеци на кои пишува ПРЕС за да бидат побезбедни на протестите - МИА

Белград, 11 јули 2020 () – Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) денеска во Белград делеше заштитни маски и елеци со натпис ПРЕСС за редакциите кои известуваат од протестите.

Акцијата е организирана откако неколку новинари, сниматели и фоторепортери беа повредени во претходните денови додека известуваа за протестите во Белград, а целта на иницијативата е новинарите да бидат повидливи, но и надлежните органи и самите граѓани повеќе да се грижат за нивната безбедност.

Здружението најави и дека во наредните денови ќе набави нови количини маски и елеци, но ги повика и надлежните и демонстрантите да се грижат за безбедноста на новинарите кои, како што истакна, работат во интерес на јавноста.


Вести

Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 78 луѓе, а околу 4.000 се повредени

Бејрут, 5 август 2020 () – Најмалку 78 лица загинаа, а околу 4.000 се повредени во  експлозијата што вчера се случи во пристаништето во центарот на Бејрут, соопштија либанските власти. Тој дел од градот е […]

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид - МИА
Вести

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид

Скопје, 5 август 2020 () – Нови 75 случаи позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 830 тестирања. Во претходното деноноќие беа регистрирани и пет смртни случаи, а оздравени 136 пациенти. Во земјата досега […]

ОС Велес му одреди 30 дена притвор на Владмир Панчевски - МИА
Вести

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Велес, 4 август 2020 И) – Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*