Српската Влада формираше Совет за спречување врсничко насилство

srbija vlada
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на Србија на денешната седница формираше Советот за спречување на врсното насилство, чија задача меѓу другото ќе биде да обезбеди организирање мобилни тимови за спречување врсничко насилство преку протоколи меѓу центрите за социјална работа и други служби, како образовни и здравствени установи и полиција, која итно ќе реагира ако се случи таков вид насилство.

Со Советот ќе раководи претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, а заменик-претседател на Советот ќе биде министерката за семејна грижа и демографија, Дарија Кисиќ, се наведува во владиното соопштение.


Советот го сочинуваат и министрите за внатрешни работи, правда, здравство, информации и телекомуникации, министерот за труд, вработување,   социјала, потоа за државна администрација и локална самоуправа, за човекови и малцински права и социјален дијалог, министерот за туризам и млади, претставник од Министерството за образование, УНИЦЕФ, Здружението „Мајките се закон“ и Центарот за исчезнати и злоупотребени деца.

Владата на Сртбија донесе Одлука за формирање Работна група за поддршка на менталното здравје и безбедност на младите, чија задача е да подготви предлог за програма за поддршка на менталното здравје и безбедноста на младите, со посебен акцент на воспоставување на повеќесекторска соработка која би вклучила образовни и здравствени институции и други организации и општествени заедници кои се занимаваат или имаат влијание врз менталното здравје на таа популација.

Тие програми бараат пристап на повеќе нивоа со различни платформи како што се дигитални медиуми, здравствени или социјални институции, училишта или други заедници, како и различни стратегии за пристап и комуникација со адолесцентите, додека главна цел на овие програми е да се зајакне поединецот капацитет да се регулираат емоциите, да се подобрат алтернативите на ризичното однесување, да се изгради отпорност за управување со тешки ситуации и неволји и да се промовира социјална средина во која адолесцентот се чувствува безбедно и заштитено.

Членовите на владата на Србија донесоа и Одлуката за формирање Работна група за безбедност на децата на интернет, која во наредниот месец ќе го разгледа воведувањето мерки за забрана за пристап до сајтови како ДаркНет и слично, кои содржат совети за тоа како да се изврши убиство, да се набави дрога или огнено оружјеа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK