Српската Влада донесе одлука за отворање почесен Конзулат на Македонија во Србија


Српската Влада на последната седница донесе Одлука за давање согласност за отворање Конзулат на Република Македонија во Република Србија. Одлуката е објавена во „Службен весник на Република Србија“, јави дописникот на МИА од Белград.


 

Седиштето на Конзулатот на Република Македонија ќе биде во Чајетина.

-Се дава согласност за отворање на Конзулат на Република Македонија во Република Србија, на чело со почесен конзул, со седиште во Чајетина и конзуларна област што ја опфаќа територијата на административната област на Златиборскиот управен округ, се наведува во одлуката на срската Влада.