Српската опозиција бара информации за сите уапсени на протестите, назначување нов кризен штаб и објективност на РТС


Српската опозиција бара информации за сите уапсени на протестите, назначување нов кризен штаб и објективност на РТС - МИА

Белград, 11 јули 2020 () – Опозицијата обединета во Сојуз за Србија (СзС) инсистира на итно исполнување на барањата кои ќе обезбедат заштита на здравјето и достоинството на граѓаните, меѓу кои е итно ослободување на неоправдано уапсените граѓани за време на протестите, соопшти денеска Сојузот.

СзС побара информации за сите уапсени за да можат да добијат соодветна правна заштита, како и информации за состојбата на сите повредени.

– Бараме итно назначување на нов, деполитизиран кризен штаб (за борба против епидемијата на коронавирусот), на кој луѓето ќе му веруваат. Овој Кризен штаб ја изгуби довербата поради тоа што неговите одлуки беа диригирани од страна на Александар Вучиќ, а многу од неговите членови мора да кривично да одговараат, соопшти СзС.

СЗС го повтори барањето за утврдување одговорност на полициските функционери, раководителите на жандармеријата и други безбедносни служби „кои употребија брутална сила против граѓаните кои го искажаа својот револт поради незадоволството од ситуацијата во земјата“.

Опозицијата го повика јавниот медиумски сервис РТС да известува „за барањата и протестите на граѓаните објективно, вистинито и навремено“.

– Веќе петти ден граѓаните протестираат, барајќи да не бидат понижувани со режимските лаги и ограничувањата на основните граѓански слободи. Злоупотребата на епидемијата е капка што ја прелеа чашата. Ние, како и досега, и денеска ќе бидеме со граѓаните и ќе инсистираме на исполнување на овие барања, наведува Сојуз за Србија.

 


ОС Велес му одреди 30 дена притвор на Владмир Панчевски - МИА
Вести

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Велес, 4 август 2020 И) – Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години […]

Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*