Средба на Албин Курти и Иса Мустафа за формирање на новата косовска влада



Лидерите на партиите кои победија на октомвриските избори во Косово, Албин Курти на Движењето Самоопределување (ВВ) и Иса Мустафа на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), започнаа попладнево состанок зад затворени врати во косовското Собрание, со цел да ги договорат последните детали околу формирањето на новата заедничка влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Еден час по започнувањето на средбата, околу 15 часот и 15 минути двајцата лидери ја прекинаа средбата и, без да дадат информации за досегашниот тек, изјавија дека ќе ги продолжат преговорите по пауза од четириесетина минути.

Според претходните најави од двете партии, Курти и Мустафа се очекува во текот на денешниот ден да потпишат договор за идната влада, за која засега се знае дека е постигната согласност дека ќе има 12 министерства, од кои по едно ќе им припаднат на политичките субјекти на српската и на помалите етнички заедници во Косово.

Пред започнувањето на состанокот Курти им изјави на новинарите дека двете партии веќе ја усогласиле владината програма, а останува да се договори поделбата на одговорностите во извршната власт.

– Денеска ќе ги продолжиме преговорите за формирање на владата во која јас како премиер ќе имам 12 министерства во владиниот кабинет. Овие преговори ќе ги водам со Иса Мустафа. Ние ја усогласивме програмата и верувам дека денеска ќе се договориме и за поделбата на одговорностите во егзекутивот. Овие разговори почнуваат денеска и сега не очекува процесот на преговори. Решени сме сета работа да се заврши што подобро, изјави Курти.


Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Вести

Митревски: Имам крунски доказ дека Димовски е нелегитимен претседател на ССМ

– Поранешниот лидер на ССМ и акуелен претседател на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика Живко Митревски бара од Владата, премиерот, министерот за труд и социјална политика и вицепремиерот за борба против […]