Средба Дендиас – Сијарто во Атина


Средба Дендиас – Сијарто во Атина - МИА

Атина, 9 јули 2020 () – Односите со Турција, миграциското прашање, туризмот, Западен Балкан беа дел од темите за кои разговараа министрите за надворешни работи на Грција и на Унгарија на нивната денешна средба во грчкото Министерство за надворешни работи, а паралелно Никос Дендиас и Петер Сијарто потпишаа и Меморандум за соработка во областа на туризмот, јави дописничката на од Атина.

На прес-конференцијата по средбата, Дендиас и Сијарто акцентот го ставија на мигранското прашање за кое потенцираа дека е потребна заштита на надворешните граници на ЕУ.

Шефот на унгарската дипломатија истакна дека во земјите-членки на Унијата, може да се влезе само на легален начин истакнувајќи дека е криминално дело обидот за нелегален влез, не постои никакво оправдување за тоа и додаде дека мигрантите, кои немаат никакво право да бидат во ЕУ, треба да се враќаат во земјите од каде пристигнале.

Тој посочи дека паралелно е потребна подготвеност за можноста да има нови бранови мигранти откако ќе помине пандемијата.

Министерот за надворешни работи на Грција рече дека претстојната ревизија на заедничиот европски систем за азил треба во основа да има праведна распределба на одговорностите и обврските.

Дендиас се задржа и на односите со Турција, повторувајќи дека Грција е отворена за дијалог, но овој дијалог треба да биде базиран на меѓународното право, на поморското право и добрососедските односи.

Во однос на Западен Балкан, Дендиас изрази надеж дека за конкретното прашање, со Сијарто ќе можат одново да разговараат на есен на островот Крит.

Шефот на грчката дипломатија спомена дека со неговиот унгарски колега разговарале и за пругата што ќе ги поврзе Будимпешта и атинското пристаниште Пиреас.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*