Србија: Синдикатите бараат поголема заштита на вработените во градинките


Самостојниот синдикат на претшколското воспитување и Гранскиот синдикат денеска ја предупредија српската Влада и Кризниот штаб дека е драстично зголемен бројот на заразени во градинките и побараа преземање на мерки за нивна заштита.



Синдикатите во заедничко соопштение наведуваат дека бројот на заразени помеѓу вработените во градинките бележи драстичен раст и оти во септември биле пријавени пет, во октомври – 67, а во ноември – 314 инфицирани.

– Го молиме Кризниот штаб и Владата да… донесат низа мерки од кои прва ќе биде воведување  на задолжителна потврда од работодавецот на родителите оти тие мора да работат, се наведува во соопштението.

Синдикатите исто така предупредуваат дека се зголемил бројот на деца во градинките, а со тоа е „оневозможено почитувањето на препорачаните мерки“.

– Вработените не добија соодветно количество заштитни маски. воглавно се користат платнени маски, што не се дезинфицираат, се посчува во соопштението на Самостојниот синдикат на претшколското воспитување и Гранскиот синдикат.