Србија: Од 2021 година возилата ќе мора да поседуваат катализатор


Возилата на патиштата во Србија од 2021 година ќе треба да имаат катализатор, јавија српски медиуми.

Техничкиот преглед на возилото од летото 2021 година, како што објаснуваат, ќе ги задолжи српските државјани да имаат катализатори во автомобилите, наведувајќи дека тој дел е неизбежен од системот за издувни гасови на секое ново возило во последните десет години.

Причината лежи во пропишаните еколошки стандарди за составот на издувните гасови што возилата мора да ги исполнат.

Употребата на катализатори е најефективниот метод за отстранување на штетните гасови, а нивната ефикасност е околу 90 проценти.

Во мај 2020 година, ќе се спроведе одредба со која ќе се санкционира пречекорување на дозволено ниво на издувни гасови, со примена од 5 јули 2021 година.

Бизнис

УЈП: Исплатата на поврат на ДДВ се уште во тек

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека се уште во тек е исплатата на повратот на ДДВ која за првото тримесечје треба да заврши до 31 овој месец. Од УЈП апелираат граѓаните да проверат дали […]

Бизнис

„Макканабис“: Политичките партии да го донесат законот за канабис пред распишување на изборите

Здружението на производителите на медицински канабис „Макканабис“ денеска упати апел до трите најголеми политички партии во земјава итно да ги донесат измените во Законот за контрола на опојни дроги и психотрпони супстанции. Од Здружението побараа […]

Вести

Ново рочиште за „Талир“, Илија Димовски побара одлагање

Со образложувањето на предложените листи со докази од страна на обвинителката Ленче Ристевска, во Кривичниот суд почна рочиштето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. На почетокот на судењето обвинетиот […]