Србија е избрана за домаќин на меѓународната изложба ЕКСПО 2027 по четири круга гласање на Генералното собрание на Меѓународното биро за изложби (БИЕ) во Париз.
Владата во Белград соопшти дека Србија како еден од петте кандидати во конкуренција со САД, Тајланд, Шпанија и Аргентина имала најголем број гласови во сите кругови, а во последниот круг од гласањето Шпанија била единствениот противник.
Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска на седницата на државниот Парламент изјави дека „Србија ќе биде центар на светот во 2027 година“.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска преку Твитер упати честитка до Србија.