Собраниската седница за гласање за доверба на владата на Курти закажана за утре во 11 часот


Претседателството на Собранието на Косово одлучи пленарната седница на која ќе се расправа за барањето на Демократскиот сојуз на Косово за гласање доверба на владата на премиерот Албин Курти, да се одржи утре, 25 март, со почеток во 11 часот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението од собраниската прес-служба, на денешната седница на Претседателството, која ја водеше парламентарната спикерка Вјоса Османи, е водена обемна расправа меѓу членовите на Претседателството и шефовите на пратеничките групи во врска со условите со кои располага Собранието за одржување една таква седница, имајќи ги предвид мерките за спречување на ширењето на епидемијата на вирусот Ковид-19.

Спикерката Османи, која е од редовите на ЛДК, но се противи на растурањето на коалицијата со Движењето самоопределување (ВВ) на Курти, се заложи за одлагање на седницата, затоа што, и според мислењето на Институтот за јавно здравство, собраниската сала не ги задоволува условите предвидени со препораките за заштита од заразата. Конкретно, во собранието не може да се обезбеди физичка дистанца од најмалку два метри меѓу 120-те пратеници и десетиците членови на собраниските служби, како што е предвидено со мерките за здравстена заштита во услови на епидемијата на коронавирусот.

Сепак, со четири гласа за и два против, собраниското Претседателство оцени дека барањето за седница за гласање недоверба на Владата е засновано на Уставот на Косово и одлучи седницата да се одржи утре со почеток во 11 часот.

Иницијативата за гласање недоверба на Владата во која и самиот учествува, ЛДК ја покрена откако премиерот Курти го смени неговиот министер за внатрешни работи Агим Велиу.

Лидерот на ЛДК Иса Мустафа побара од досегашниот коалиционен партнер да ја повлече одлуката, да се извини на ЛДК за прекршување на коалицискиот договор и веднаш и безусловно да ја укине таксата од сто отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, како што тоа го бараат САД. Откако ВВ ги одби тие барања, ЛДК обезбеди поддршка од опозициските партии, ги собра потребните потписи од пратениците и во петокот, на 20 март, го поднесе во Собранието барањето за вонредна седница за гласање за доверба на кабинетот на Курти.


Вести

За непочитување на полицискиот час, 24 скопјани ги очекува 48 илјади евра казна

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози пред Основниот кривичен суд Скопје, против вкупно 24 лица кои не го почитувале полицискиот час, информираат од скопското Обвинителство. – Обвинетите, во различни кривично-правни […]

Бизнис

Баравме системски мерки за сите засегнати, а не делумна помош во криза

31, Март, 2020, Скопје – Сојузот на стопански комори се оградува од мерките објавени во вториот сет од страна на Владата, со појаснување дека од наша страна се бараа системски мерки за сите засегнати микро, […]

Вести

Владата со втор пакет мерки за граѓаните и фирмите за увлажување на последиците од Ковид-19

Финансиска поддршка за претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати за своите вработени во висина од 14.500 денари за месеците април и мај, кратење на платите за сите избрани и именувани функционери на ниво […]