Собранието на Косово изгласа недоверба на Владата на Курти


– Косовското Собрание, со 82 гласа „за“, 32 „против“ и еден воздржан, синоќа изгласа недоверба на Владата водена од лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

По обемна дебата, која траеше нешто повеќе од 11 часа и во која беа разменети меѓусебни обвиненија меѓу предлагачите и поддржувачите на моцијата за недоверба, од една и пратениците на ВВ на Курти од друга страна, недовербата за кабинетот на Курти беше изгласана синоќа околу 23 часот.

За уривање на Владата на Курти гласаа мнозинството пратеници на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), партијата која досега беше дел од владејачката коалиција и на чија иницијатива беше свикана собраниската седница, како и пратениците на опозициските партии. Предлогот на ЛДК го поддржаа и партиите на српската и на другите немнозински заедници, Српската листа (СЛ) и групата Г6, кои исто како и ЛДК учествуваа во Владата на Курти.

Покрај 29-те пратеници на ВВ, против уривањето на Владата беа и тројца пратеници на ЛДК, меѓу кои и собраниската спикерка Вјоса Османи.

Иницијативата за гласање недоверба на Владата, ЛДК на поранешниот премиер Иса Мустафа ја покрена откако на 18 март премиерот Курти, без претходна консултација со коалициониот партнер, го разреши од функцијата министер за внатрешни работи Агим велиу, кој е воедно и прв потпретседател на ЛДК.


Вести

Нормализиран железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија и обратно

Железничкиот сообраќај на релацијата Гевгелија – Велес и обратно е нормализран повторно, откако синоќа околу 21 часот целосно е исчистен одронот од карпи на пругата помеѓу крстосницата Клисура и жеелзничката станица Миравци. Како што информиарат […]

Вести

Нова ерупција на вулканот Питон де ла Фурнез на францускиот остров Реунион

Вулканот Питон де ла Форнез, што се наоѓа на францускиот остров Реунион во Индискиот океан, а важи за еден од најактивните и најнабљудуваните во светот, рано утринава еруптира по  втор пат годинава, јави дописникот на […]

Вести

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот е веќе над милион

Во целиот свет, 1.000.829 луѓе се заразени со новиот коронавирус, 51.356 лица починаа, додека 210.199 луѓе се опоравиле, покажуваат најновите податоци на веб-страницата „Worldometers“. Најголем број се заразени во САД, Италија и Шпанија. Само во […]