Собранието на Косово изгласа недоверба на Владата на Курти


– Косовското Собрание, со 82 гласа „за“, 32 „против“ и еден воздржан, синоќа изгласа недоверба на Владата водена од лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

По обемна дебата, која траеше нешто повеќе од 11 часа и во која беа разменети меѓусебни обвиненија меѓу предлагачите и поддржувачите на моцијата за недоверба, од една и пратениците на ВВ на Курти од друга страна, недовербата за кабинетот на Курти беше изгласана синоќа околу 23 часот.

За уривање на Владата на Курти гласаа мнозинството пратеници на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), партијата која досега беше дел од владејачката коалиција и на чија иницијатива беше свикана собраниската седница, како и пратениците на опозициските партии. Предлогот на ЛДК го поддржаа и партиите на српската и на другите немнозински заедници, Српската листа (СЛ) и групата Г6, кои исто како и ЛДК учествуваа во Владата на Курти.

Покрај 29-те пратеници на ВВ, против уривањето на Владата беа и тројца пратеници на ЛДК, меѓу кои и собраниската спикерка Вјоса Османи.

Иницијативата за гласање недоверба на Владата, ЛДК на поранешниот премиер Иса Мустафа ја покрена откако на 18 март премиерот Курти, без претходна консултација со коалициониот партнер, го разреши од функцијата министер за внатрешни работи Агим велиу, кој е воедно и прв потпретседател на ЛДК.


Вести

Детектор: Над 40 проценти од граѓаните очекуваат да бидат заразени, поголем дел задоволни од мерките и лекарите

– Над 40 проценти од граѓаните очекуваат да бидат заразени со коронавирусот, покажува најновото истражување на јавното мислење што го спроведе Институтот за политички истражувања за емисијата „Детектор“. Истражувањето покажува дека 24,1 процент од анкетираните […]

Балкан

Словенечката Влада го претстави т.н. „Мега корона Закон” со кој граѓаните и економијата ќе добијат три милијарди евра

Словенечката Влада, по дводневно заседание, конечно го усогласи и објави таканаречениот „Корона Закон”, со кој граѓаните и компаниите ќе добијат директна државна финансиска помош од три милијарди евра, јави дописникот на МИА од Љубљана. Целта […]

Вести

Две лица починале од Ковид-19, 16 нови случаи, вкупната бројка на заболени 257 лица

– Две лица починале изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби како последица од корона вирусот, со што вкупната бројка на починати во земјава од појавата на Ковид-19 достигна шест лица. Станува […]