Со огромно мнозинство грчкиот Парламент го изгласа законот за проширување на територијалните води


Со поддршка од сите опозициски партии, со исклучок на Комунистичката, која гласаше „присутна“, грчкиот Парламент го изгласа законот за проширување на територијалните води на 12 милји во Јонското море, јави дописничката на МИА од Атина.



Законот од Министерството за надворешни работи на Грција „Одредување на обемот на морската зона во Јонското море и јонските Острови до `ртот Тенаро на Пелопонез“, го поддржаа 284 од 300 пратеници, ниту еден не гласаше против, додека пак „присутни“ гласаа 16 пратеници.