Словенија планира да потроши 780 милиони евра за армијата


Словенија планира да потроши 780 милиони евра за армијата - МИА

Љубљана, 19 јуни 2020 () – Словенечката Влада подготви Закон кој предвидува за вооружување и опрема на армијата државата да потроши 780 милиони евра, јави дописникот на од Љубљана.

Според министерот за одбрана Матеј Тонин, овие средства би се потрошиле за опремување на армијата, инвестирање во воената инфраструктура и човечки кадар. Ако предлог законот биде изгласан во Собранието многу е веројатно дека Словенија до 2026 ќе го исполни барањето на НАТО секоја земја-членка да одвојува по два проценти од својот бруто-домашен производ (БДП) за одбраната.

Според Стратешкиот одбранбен план, на словенечката армија и се потребни вкупно три милијарди евра за опремување на два средни борбени баталјони.

Од Министерството за одбрана веќе месеци наназад предупредуваат дека армијата се соочува и со недостаток на кадар, па поради тоа се распишаа неколку повици за доброволно приклучување на вооружените сили.

Инаку, премиерот Јанез Јанша кога беше во опозиција до Собранието поднесе предлог Закон кој предвидуваше постепено повторно воведување на задолжително служење воен рок. Ваквиот предлог не доби поддршка од пратениците.


Вести

Јованова-Грујовска: Проблемот е измислен, македонскиот јазик е реалност и таа тема е за нас завршена

– Македонскиот јазик е реалност, уставна категорија и тука нема дискусија. Нема потреба да си го губиме нашето време и нашата енергија како научници да објаснуваме нешто што светската лингвистика веќе го прифатила. Македонскиот јазик е […]

Анализата за екстра лесното готова, содржи три мерки што треба да се преземат како сет - МИА
Бизнис и економија

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот иста

– Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените […]

Кривичен суд Скопје донесе пресуди за 723 лица за непочитување на полицискиот час - МИА
Вести

Мартин Протуѓер позитивен на Ковид-19, рочиштето за ,,Титаник” одложено

– Поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протуѓер, а сега обвинет во процесот ,,Титаник”, е позитивен на Ковид-19, поради што е одложено денешното рочиште за овој случај. Одбраната на Протуѓер, до Судот доставила известување дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*