Словенечката полиција нема да добие овластување да ги следи граѓаните без судска одлука


– Пропадна предлогот за давање широки овластувања на словенечката полиција со кои таа ќе можеше без судска наредба да ги следи движењето и комуникациите на сите граѓани за кои се сомнева дека се заразени со коронавирусот или се во домашен карантин.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана од партијата СМЦ (Партија на модерниот центар) кој е коалициски партнер во владата на Јанша Јанша, објавија дека издејствувале бришење на членовите 103 и 104 од новиот Закон за борба против коронавирусот кој денеска влегува во собраниска процедура.

Министерот за внатрешни работи Алеш Хојс, кој е од партијата на Јанша, изминативе денови изјавуваше дека ваков закон е потребен со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Ваквиот предлог предизвика многу реакции во јавноста, бидејќи дел од експертите сметаат дека можноста полицијата без судска наредба да следи и прислушкува луѓе се коси со темелните демократски вредности на Словенија.


Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]

Регистрирани девет нови случаи со коронавирус во Прилеп и први два случаи во Крушево - МИА
Вести

Нови 38 случаи на Ковид -19, тројца починати

Скопје, 28 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 38 нови лица позитивни на коронавирусот и 16 оздравени пациенти. Во овој период починале два лица, а кај […]

Чулев: Да бидеме мудри, сочувствителни, кооперативни истрајувајќи и победувајќи го премрежието со кое што човештвото се соочува - МИА
Вести

Чулев: АНБ се уште е дел од системот за следење на комуникации

Скопје, 28 мај 2020 () – Начинот на кој е формирана Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и неотстранувањето на посредничката улога на АНБ при следењето на комуникациите, говори дека реформите на безбедносниот систем се само […]