СИРИЗА бара одговор од заменикот МНР за натписите во медиумите околу магистерските студии


Грчката опозициска партија СИРИЗА, повикувајќи се на натписи објавени во печатот на грчката дијаспора во САД, кои „презентираат податоци што ја доведуваат под сомнеж биографијата на заменик министерот за надворешни работи на Грција, Андонис Диаматарис“, бара тој да даде објаснувања во врска со неговите постдипломски студии, јави дописничката на МИА од Атина.

– Поконкретно, додека господинот Диаматарис на официјалниот сајт на МНР изјавува дека поседува магистерско звање од Универзитетот Колумбија, објавите во медиумите, повикувајќи се на податоци од самиот Универзитет, споменуваат дека господинот Диаматарис никогаш не завршил, туку едноставно се запишал на конкретната програма, соопштуваат од СИРИЗА.

Од грчката опозициска партија бараат заменикот МНР да даде објаснувања и да го објави магистерското звање, во спротивно, според СИРИЗА, Мицотакис, не само што треба да го смени, туку и да им се извини на граѓаните.

Заменик министерот за надворешни работи на Грција, Андонис Диаматарис, кој е надлежен за грчката дијаспора, е издавач на грчкиот весник во САД „Етникос кирикс“.

Вести

Повредени 26 лица во сообраќајката на патот Блаце- Белољин во Република Србија

Вкупно 26 лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утринава на патот Блаце- Белољин во Република Србија, во која автобус со македонски регистарски таблички се превртел носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник. […]

Вести

Двајца потешко и десет полесно повредени во сообраќајката на патот за Копаоник

Две лица се тешко повредени, а десет полесно повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Прокупље-Блаце, кога околу 10 часот се преврте автобус од Северна Македонија, кој превезувал патници до Копаоник.   […]

Балкан

На пат за Копаоник се преврте македонски автобус, има повредени

Едно лице е тешко повредено, а 11 се полесно повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Прокупље – Блаце, кај Белољин, кога околу 10 часот се преврте автобус од Македонија, кој превезувал патници до Копаоник, јавува […]