Шоле го повика Курти да го прифати европскиот предлог

shole

Советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле го повика Косово да го прифати европскиот предлог за нормализација на односите со Белград, пренесе Бета.

– Разговарав со премиерот на Косово Албин Курти за предлогот на ЕУ за нормализација на односите со Србија и апелирав до Косово да го прифати, напиша Шоле на Твитер.

Тој додаде дека клучна тема на разговорот било партнерството меѓу САД и Косово и заедничката цел за подобрување на европската и евроатлантската интеграција на Косово.

Шоле додаде дека со Курти разговарал и за важноста на мултиетничкиот карактер на Косово и напредокот во разговорите за формирање Заедница на српски општини.

– Разговаравме за напредокот во разговорите за формирање Заедница на општини со српско мнозинство, во контекст на дијалогот, како и за потребата претставниците на косовските Срби да се вратат на своите позиции, напиша Шоле

Facebook
Twitter
LinkedIn