Шефот на Телеком на Косово: Платата ми е 5.180 евра, се срамам поради тоа


Шефот на Телеком на Косово: Платата ми е 5.180 евра, се срамам поради тоа - МИА

Приштина, 10 април 2020 () – Извршниот директор на јавното телекомуникациско претпријатие Телеком на Косово, Бедри Истрефи вели дека се чувствува засрамен поради неговата месечна плата од 5.180 и побарал таа да му се намали, јави дописникот на од Приштина.

Во интервју за ТВ Дукаѓини Истрефи рече дека барањето за намалување на платата го поднел еден месец по преземањето на задачата во јануари минатата година, но оти тој самиот не може да го стори тоа.

– Видете, мојата плата изнесува 5.180 евра. И на претходниот управен одбор поднесов писмено барање за намалување на платите, еден месец откако ја презедов функцијата. Се чувствувам засрамен во каква ситуација раководам, а имам една таква плата. Немам право себеси да си ја намалам платата. Оваа плата која ја имам денес јас ја затекнав во Телеком, изјави Истрефи.


Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Вести

Регистрирани 404 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје- 172, Куманово-15, Дебар-4, Штип-8, Прилеп-25, Тетово-41, Струга-4, Велес-6, Битола-4, Охрид-11, Кавадарци-5, Гостивар-20, […]