Шарл Мишел ќе пристигне во БиХ на крајот на следната недела


Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ќе пристигне во БиХ на крајот на следната недела како дел од регионалната мини турнеја, но засега нема индикации дека тоа би можело да биде можност да се постигне договор за реформите на изборниот закон.


 

Локалните медиуми денеска објавија дека Делегацијата на ЕУ во БиХ го потврдила пристигнувањето на Мишел на 20 мај. Претходниот ден тој ќе биде во посета на Белград.

Предвидено е Мишел да се сретне со голем број официјални претставници, како и со политички лидери и претставници на граѓанското општество, за да разговараат за стабилноста во регионот во новиот геополитички контекст и напредокот во спроведувањето на 14 клучни приоритети од мислењето на Европската комисија за кандидатурата на БиХ за ЕУ.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно најави доаѓањето на висок функционер на ЕУ во БиХ, чие име не го спомена, и дета тоа може да отвори нова можност за договор за изборните реформи, но засега нема потврда дека тоа ќе се случи.