Се степаа двајца кандидати за пратеници во Косово по дебата во ТВ-емисија


Кандидати за пратеници во Собранието на Косово, Дардан Молилај од Социјалдемократската партија и Хаки Абази од  Самоопределување,  физички се пресметаат по завршувањето на емисијата Пресинг на кабелската телевизија Т7 во Приштина.

Главниот и одговорен уредник на таа телевизија, Леонард Керчуку, објави дека за време на емисијата двајцата кандидати размениле навреди што ескалирале во физички пресметка.

Моличај беше генерален секретар на партијата до заминувањето од Самоопределување и е еден од 12 пратеници кои ја напуштија партијата и ја формира Социјалдемократската партија на Косово.

Абази се приклучи на Самоопределување пред неколку недели и претходно беше директор на фондацијата Рокфелер во Косово.

Вести

Катица Јанева ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор

Поранешната специјална обвинителка и осомничена во предметот „Рекет“, Катица Јанева попладнево ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор. Со полициско обезбедување Јанева беше спроведена во нејзиниот стан во близина на Клубот на пратениците. Скопскиот […]

Вести

Европската комисија може да забрани употреба на олово во спортот, што го доведува во прашање биатлонот

Европската комисија ја разгледува можноста за целосна забрана за употреба на олово во спортови на отворено. Ова може да има сериозни последици за биатлон, пренесуваат светските медиуми.   Европската комисија побарала од Европската агенција за […]

Вести

Се иницира нов закон за легализација на дивоградби

Владата денеска на седница усвои Информација за потребата од донесување нов закон за утврдување правен статус на бесправни објекти и го задолжи Министерството за транспорт и врски во рок од 15 дена да достави Предлог […]