Се одложуваат молитвите, литиите и другите собири на СПЦ во Црна Гора



Во Црна Гора притворени двајца свештениците на СПЦ поради непочитување на здравствените мерки - МИА

Подгорица, 4 јули 2020  () – Епископскиот совет на Српската православна црква во Црна Гора денеска ја информира јавноста дека поради епидемиолошката состојба во земјата се одложуваат сите молитви, литии и слични собири низ цела Црна Гора.

Во соопштението на Епископскиот совет се наведува дека Српската православна црква, иако имала можност молитвите да ги оддржува пред храмовите, како и намера да ги почитува наредбите од здравствените установи, околностите биле такви што „покрај усогласеноста со прописите, треба да се покаже и пример за воздржаност и трпеливост “.

„Формално-правно го прогласивме крајот на епидемијата и правната основа да ги продолжиме нашите оправдани протести, сепак, болеста се врати кај нас и во моментов напредува“, се наведува во соопштението.

Епископскиот совет ги повика верниците во парохиите од  северот на Црна Гора, во кои повторно се забранети богослужби со присуство на верници, во договор со нивниот свештеник да бидат во врска за изведување на молитвите.

Во соопштението се додава дека редовните црковни служби во другите градови ќе се одвиваат во согласност со утврдениот ред, во согласност со здравствените регулативи.


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*