Самоопределување ја обвини косовската Влада за неспособност на почетокот на учебната година


Самоопределување ја обвини косовската Влада за неспособност на почетокот на учебната година - МИА

Приштина, 14 септември 2020 () – Најголемата косовска опозициска партија Движење самоопределување (ВВ) ја обвини Владата за неспособност на почетокот на учебната година и најави интерпелација за министерот за образование и наука Рам Ликај, јави дописникот на од Приштина.



Според партијата на доскорешниот премиер Албин Курти, на Владата на Авдулах Хоти не ѝ е приоритет образованието и таа само предизвика збунетост и конфузија кај учениците, наставниците и родителите.

Пратеникот од редовите на ВВ, Фитим Ука на денешната прес-конференција изјави дека Владата во сите овие месеци што ги имаше на располагање не стори ништо за успешно започнување на новата учебна година.

– Првиот и најзначаен сигнал кој покажува дека на оваа влада не ѝ е приоритет образованието е кртењето на буџетот, и тоа во време на пандемија, кога во овој сектор се потребни дополнителни инвестиции, изјави Ука.

За одлуката за поднесување интерпелацијата за министерот Ликај, според Ука, ќе се расправа на денешната седница на претседателството на ВВ.

Учебната година во Косово започна денеска, а Владата објави дека се преземени сите мерки за што поголема заштита од пандемијата на Ковид-19 на сите учесници во образовниот процес.