САД повикуваат за санкции спрема Турција ако ги купат руските ПВ-системи С-400

Претставничкиот дом на Конгресот на САД одобри едногласно резолуција во која се содржи повик за целосно воведување санкции спрема Турција ако Анкара увезе ПВ системи С-400.

Во резолуцијата одобрена синоќа, се упатува повик кон американскиот претседател Доналд Трамп да воведе санкции согласно закон ако турската влада не укине одлука за купување на руските ПВ-системи С-400.

Конгресмените сметаат дека таа одлука на турските власти „претставува закана за американско-турските односи и го поткопува НАТО“. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека не е исклучено државата да се откаже од договорот со Москва.

Вести

Извршена еутаназија врз златната параолимпијка Верворт

Белгиската параолимпијка, Марик Верворт, го активираше барањето за еутаназија, што значеше крај на нејзините маки, и смрт. Верворт која имаше 40 години, а на Параолимписките игри во Лондон 2012 година освои златен медал во трката […]

Бизнис

„Герешајмер“ го означи почетокот на изградба на новата фабрика во Бунарџик, ќе вработи 400 луѓе

Германската компанија „Герешајмер“ денеска во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик го означи почетокот на изградба на новата фабрика за медицинска пластика. Ова е прва фабрика на реномираната германска компанија во Југоисточна Европа, а земјава беше […]

Вести

Одобрени 60 милиони денари за чистење на линданот во ОХИС

Владата на денешната 160-та редовна седница донесе одлука за одобрување на 60 милиони денари од Буџетот за 2019 година за чистење на индустрискиот токсичен отпад (линдан) во поранешната фабрика ОХИС во Скопје. Средствата, како што […]