– САД на Војската на Србија и испорачаа 66 лесни оклопни возила Хамви (HMMWV-High Mobility Multipurpose Wheeled Vehicle), набавени преку директен комерцијален договор со американската компанија AM General, јави дописникот на МИА од Белград.
Според порталот Белканска безбедносна мрежа, ова е прва транша за Србија од вкупно 118 нарачани возила.
На Инстаграм каналот на Американската амбасада во Србија соопштено е дека возилата се во касарната во Панчево, а ќе се користат и за учество во меѓународни мировни мисии.
-Ова не се само американски возила, ова е стандард на НАТО. Кога ќе видите со кого е распоредена српската армија во мировните мисии, а партнерите во Либан се Шпанија и Италија, на Синај тоа се САД, заедничко ни е НАТО стандардот. Поседувањето такви возила и овозможува на Србија да биде дел од која било мировна мисија, брзо да реагира и да биде расопредена рамо до раме со своите партнери, соопштија од Aмбасадата на САД во Белград.
Во него се додава дека оваа најнова набавка ќе и овозможи на Србија не само да биде ефикасна во одржувањето на мирот во светот, туку и дека тоа е „одличен прв чекор“ за постигнување интероперабилност со американската војска.
Балканската безбедносна мрежа наведува дека првите испораки на нови Хамвија почнале на крајот на јуни преку белградскиот аеродром и се работи за чисто комерцијален бизнис, за разлика од првата транша од пред десет години, кога САД донираа голем број од овие возила.
Во 2012 и 2017 година, САД на Војската на Србија и дадоа вкупно 40 возила од овој тип, а Војската ги користеше главно во тогашната Специјална бригада (баталјонот во Панчево) и во 31. пешадиски баталјон од Зајечар, дел од Третата армиска бригада.
Според некои информации, Србија планира да купи вкупно 118 Хамви од САД, кои ќе бидат вооружени со средства од домашни воени фабрики. Планирано е новите модели да бидат опремени со митралез од 12,7 мм калибар или со автоматски фрлач на гранати поставен на универзален носач.об/
Фото: принтскрин Инстграм Амбасада на САД