Руската православна црква жали поради одлуката на турскиот суд за Света Софија


Руската православна црква жали поради одлуката на турскиот суд за Света Софија - МИА

Москва, 10 јули 2020 () – Руската православна црква денеска изрази жалење поради одлуката на турскиот Државен совет (висок административен суд) за поништување на одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за пренамена на Света Софија од џамија во музеј.

Руската православна црква истакна дека таквата одлука може да доведе до уште поголеми поделби

Со одлуката се трасира патот Света Софија да се пренамени во џамија.

Според неофицијални извори првата молитва во џамијата најверојатно ќе се одржи на 15 јули, дента кога во 2016 година беше осуетен обидот за државен удар во Турција.

Света Софија беше најголемата христијанска црква, изградена во шести век од Византијците, а во џамија беше претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект во музеј беше променет со указ во 1934 година од тогашниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк.

Света Софија во 1985 година е прогласена за споменик на Светското културно наследство на УНЕСКО.


Вести

Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 78 луѓе, а околу 4.000 се повредени

Бејрут, 5 август 2020 () – Најмалку 78 лица загинаа, а околу 4.000 се повредени во  експлозијата што вчера се случи во пристаништето во центарот на Бејрут, соопштија либанските власти. Тој дел од градот е […]

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид - МИА
Вести

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид

Скопје, 5 август 2020 () – Нови 75 случаи позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 830 тестирања. Во претходното деноноќие беа регистрирани и пет смртни случаи, а оздравени 136 пациенти. Во земјата досега […]

ОС Велес му одреди 30 дена притвор на Владмир Панчевски - МИА
Вести

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Велес, 4 август 2020 И) – Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*