РТС: Барикади во северно Косово, сирени во Косовска Митровица


Српски граѓани поставиле барикади на северот на Косово, по најавата на Приштина дека од утре стапува во сила одлуката за пререгистрација на возила и лични карти.

 

 

Во Косовска Митровица се слушаат сирени од пред 18 часот се слушаат сирени.

Како што јави РТС, граѓаните ги блокираа административните премини Јариње и Брњак каде се распоредени косовски специјалци.

Косовската полиција не дозволува пешаци или возила да минуваат низ Јариње, а оние кои веќе поминале ги враќа назад.

Полицијата во централна Србија ги враќа патничките возила кои тргнале кон административните премини, информира РТС.

Во Косовска Митровица се слушаат сирени за тревога, а локалните граѓани излегле на улиците.