Рекордно високи температури во Грција, најтоплата зима од 1960 година

grcija-pristanishte.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Грција забележа „рекордна просечна температура од 11,8 степени Целзиусови“ во текот на зимата 2023-2024 година, опишана како „најтоплата зима досега забележана во земјата“, изјави денеска за AFP Костас Лагувардос, директор за истражување во Атинската опсерваторија.


„Тоа е највисоката просечна температура помеѓу декември, јануари и февруари“ забележана од 1960 година, кога почнаа да се собираат метеоролошки податоци во Грција, рече Лагувардос, повикувајќи се на прелиминарните податоци анализирани од одделот за климатски промени на Европската опсерваторија „Коперник“.

Според Атинската опсерваторија, просечната максимална температура во Грција меѓу 1960 и 2024 година за зимскиот период покажува пораст од 1,8 степени Целзиусови.

„Температурите во текот на зимата 2023-2024 беа повисоки од зимата 2015-2016 година“, која се сметаше за најтоплата во последните неколку децении, се вели во соопштението на опсерваторијата.

Лагувардос оцени дека поширокото подрачје на Атина, центарот и североисточниот дел на земјата, како и кикладските острови во Егејското Море и источен Крит треба да се соочат со проблеми со сушата во 2024 година.

Како и другите медитерански земји каде температурите беа многу високи во 2023 година, Грција помина низ една од најдолгите епизоди на топлотен бран минатото лето, обележана со разорни пожари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK