Рекордни 700 милиони евра приходи на косовската царина од почетокот на годината


 – Косовската царина од 1 јануари до 26 јули годинава остварила над 700 милиони евра приходи, што е за 30 отсто повеќе одошто во истиот период минатата година, јави дописникот на МИА од Приштина.


 

Според соопштението на Царината, годинава за прв пат во неполни седум месеци се реализирани над 700 милиони евра приходи.

– Царината на Косово денеска надмина 700 милиони евра приходи и ова е првпат да се постигне овој рекорд во собирањето приходи. Поточно, денеска се пријавени 701,2 милиони евра, што споредено со минатата година претставува раст за околу 30 отсто, со оглед дека во истиот период лани имавме 543,5 милиони, се вели во соопштението.